Шпанскиот ракометен репрезентативец Едуардо Гурбиндо, на лето од францускиот Нант ќе се пресели во редовите на двократниот европски шампион Вардар. Но, неговото преселување во македонската метропола има двојна цел, освен што ќе се обиде да ја освои европската титула со „црвено -црните“, тој во Скопје пристигна и со цел да го научи македонскиот јазик, бидејќи неговата сопруга е Македонка.

-Видов дека има интерес од клубот за мене, и тоа беше еден клучен момент. Јас сум во Франција веќе пет години и мислам дека е време за промена. Секогаш барам нов предизвик, нови цели, нешто ново да се научи. Мислам дека е ова добра шанса да се дојде во клуб како Вардар, и ќе останам тука три години доволно за да се вклопам во тимот и да постигнеме резултати. Знам дека и претседателот е амбициозен, тој ми кажа дека сака да победува. И јас сум ист менталитет, секогаш сакам да победувам на секој меч. Тоа ќе биде добар предизвик за мене. Исто така мојата сопруга е од Македонија и ова е шанса да го научам македонскиот јазикот. Мислам дека ова е добра, но и комплетна одлука. Не само за мене, туку и за семејството, изјави Гурбиндо за интернет страницата на Вардар и додаде дека најважно му е прво да се адаптира на новата средина

-Секогаш велам дека е компликувано да се зборува за во иднина, но сакам да играм за да победувам. Мојата прва цел е да бидат со тимот, а потоа да ги потврдам и да ги подобрам моите перформанси. Се надевам дека ќе успеам во тоа. Секако дека сакам да бидеме и на Ф4. Сигурно ќе ми помогне тоа што во Вардар веќе имаше еден систем на кој и ја сум навикнат. Гледав и некои натпревари, но секако треба да разговарам со тренерот да видам како тоа се функционира. Потоа и со играчите, тие ќе бидат мои соиграчи. Не се плашам од било каква новост, прифаќам секаков предизвик. Сигурно ќе се адаптирам на се што ме очекува, вели Гурбиндо.

Шпанецот зад себе веќе има титула во Лигата на шампионите со Барселона, а со репрезентацијата на Шпанија има златен медал од ЕП 2018 година, сребрен од ЕП 2016 година. Бронзен медал има од ЕП 2014 и од СП 2011 година. Од 2009 година е дел од националниот тим на Шпанија и има одиграно над 120 натпревари и постигнато 160 голови. Поради повреда не настапи на ЕП 2020 и на СП 2021.