Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, во октомври минатата година се закити со рекордната 20. грен слем титула, откако во финалето на Ролан Гарос, убедливо го совлада светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ.

На тој дуел сите очекуваа поголема борба, со оглед на формата на Србинот. Сепак „кралот“ на земја ја потврди титулата и во три сета по 13- ти пат го подихна пехарот во Париз.

-Поставување на мојот авторитет не е мој стил. Одиграв одличен турнир со оглед на условите, правејќи чекори напред секој нов ден. Мојата игра во финалето против Новак беше совршена. Секој ден играв доволно добро за да победувам на натпреварите, изјави шпанскиот тенисер.

Оваа сезона одново Надал и Ѓоковиќ се кандидати за највисок пласман. Младите ѕвезди ќе се погрижат да им направат проблеми и да ја прекинат нивната доминација.

Ролан Гарос започнува на 23 мај, а завршува со мечот за титула во машка конкуренција на 6 јуни.

Токму пред почетокот на Ролан Гаос се бие и битката за што подобар пласман на АТП листата. На најновата ранг – листа Данил Медведев го искористи поразот на Рафаел Надал во Мадрид и одново застана на втората позиција. Италијанецот Матео Беретини, кој загуби во финалето во Мадрид, сега е деветти тенисер на светот, прескокнувајќи го Диего Шварцман од Аргентина. На врвот се уште е Новак Ѓоковиќ, кој ќе се врати на терените на турнирот во Рим.