МОФ преку прашалник ќе ги мапира еколошките проблеми

42

Младински образовен форум спроведува прашалник за мапирање на еколошки проблеми, како дел од проектот „Креативна младинска акција за животна средина“.

– Преку проектот сакаме да постигнеме вклучување на младите, со цел да се ангажираат, солидаризираат и да учествуваат во процесите на своите заедници. Проектот има за цел поттикнување на примена на одржливи активистички практики преку креирање дијалог меѓу различните чинители и заедничко дејствување за решавање на еколошките проблеми во локалните заедници, велат од МОФ.

Мапираните еколошки проблеми од овој прашалник, од МОФ додаваат дека понатаму ќе бидат дискутирани и со локални организации, локалната самоуправа и бизнис-секторот за пронаоѓање на решение.

Во рамки на проектот ќе бидат реализирани пет локални еколошки акции за мапираните проблеми. Исто така, ќе бидат креирани и документарно-новинарски видеа за процесот на застапување за решавање на проблемите.

Проектот „Креативна младинска акција за животна средина“се спроведува со поддршка од Фондација Отворено општество Македонија.