Шампионатот во Мото ГП на својот профил на Твитер објави дека е потпишан договор за организирање трка во Унгарија во 2023 година. Трката треба да се одржи на нова патека во близина на градот Дебрецин.

Унгарија беше домаќин на трките во шампионатот во Мото ГП во 1990 и 1992 година, и двете се возеа на патеката Хунгароринг, каде се одвиваат трки во Формула 1.

Трката во Мото ГП во Унгарија требаше да се одржи во 2009 година на новопланираната патека Балатонринг, која досега не е изградена.