Познатата шпанска мотоциклистка, Ана Караско, претрпе сериозни повреди по судир и пад од мотор на трка во Есторил, Португалија. Шпанката се здоби со фрактури на пршлените по падот од моторот и ќе го пропушти остатокот од сезоната оваа година.

Сега, Ана успешно се опоравува по операцијата, а на своите следбеници на социјалните мрежи им испрати порака. Под фотографијата, на која се гледа голема лузна над поголемиот дел од грбот, Караскова напиша: „Велат дека она што не те убива те прави посилен. Па,  јас сум тука и сакам да се вратам посилна од кога било, напиша позитивната Ана Караско, која ќе се рехабилитира во наредните три месеци.