Москва ќе му обезбеди помош на Ереван ако борбите стигнат на територијата на Ерменија

37

Руските власти соопштија денеска дека ќе му обезбедат „неопходна“ помош на Ереван во конфликтот со Азербејџан околу поради конфликтот во Нагорно Карабах, доколку борбите стигнат на територијата на Ерменија.

„Русија ќе му ја даде целата неопходна помош на Ереван доколку судирите се префрлат директно на територијата на Ерменија“, соопшти Министерството за надворешни работи во Москва. Тие ги повикаа  завојуваните страни веднаш да го запрат огнот.

Претходно ерменскиот премиер Никол Пашинјан побара од рускиот претседател Владимир Путин да започне „итни“ консултации за безбедносна помош.

Извор:МИА