Москва го прошири списокот со Европејци на кои им забранува влез во Русија

25

Русија одлучи на реципрочна основа да го прошири списокот на претставници на ЕУ на кои им е забранет за влез во земјата, соопшти портпаролката  на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Како одговор на постапките на Европската унија, руската страна одлучи да го прошири списокот со поединци и европски организации на кои им е забрането влегување на територијата на Руската Федерација. Бројот на санкционирани луѓе на руската листа одговара на оној на списокот на ЕУ“, рече таа.

Извор:МИА