Москва: Во пишаните предлози од Киев и откажување на Украина од НАТО

44

Писмените предлози на Украина доставени до Русија во Истанбул содржат точки за повлекувањето на Киев од членството во НАТО и нуклеарно оружје, изјави шефот на руската делегација Владимир Медински за телевизијата „Русија 24“.

– Вчера, првпат во последните неколку години, властите во Киев изразија подготвеност да постигнат договор со Русија. Ни ги предадоа принципите на потенцијалниот иден договор напишан на хартија, кој предвидува: откажување од членството во НАТО, неблоковски статус на Украина, откажување од нуклеарно оружје и друго оружје за масовно уништување, рече Медински.

Според него, предлозите на Украина вклучуваат откажување од распоредување на странски воени бази и воени контингенти, како и обврска да се одржуваат воени вежби само со договор со земјите гаранти, вклучително и Русија.

Тој посочи дека Украина вчера по првпат покажала подготвеност да реализира важни услови за да може во иднина да гради нормални односи со Русија.