По 14 години пауза, нуркачи повторно ги посетија и истражија остатоците од познатиот брод „РМС Титаник“. Бродот кој некогаш претставуваше слика за луксуз и гламур, сега е проголтан од морското дно и опустошен од бактерии кои ги нагризуваат металните остатоци, објави Си-ен-ен.

Тимот на експерти, научници и други познавачи, создадоа снимки од 107-годишната подводна руина со специјално адаптирани камери. Снимката во резолуцијата „4К“ ќе ѝ овозможи на јавноста преку системот за вирутуелна реалност да ги истражи остатоците од потонатиот брод.

Еден историчар во тимот изјави дека прочуената кабина на капетанот на бродот, позната слика на обожавателите на Титаник, повеќе ја нема. Некои делови од бродот се речиси целосни, но голем дел се во фаза на распаѓање. Снимката, која ќе биде дел од нов документарен филм на „Атлантик Продакшнс“, ги покажува ефектите на корозија предизвикана од сол, силината на бактериите кои се хранат со метал и моменталната состојба на декомпозиција на бродот.

„Титаник се враќа во природата“, рече ден член на тимот.

Бродот Титаник, најсовремен во своето време, потона ноќта меѓу 14 и 15 април 1912 година 600 километри од брегот на Њуфаундленд откако бродот удри во санта мраз. На бродот имало 1.200 патници, а од нив повеќе од 1.500 не ја преживеале трагедијата.