Тотоабa, голема риба која живее во Калифорнискиот залив, ја нарекуваат „морски кокаин“ поради огромната цена што Кинезите се подготвени да ја платат за нејзиниот меур на црниот пазар.

Поскап е од златото, а во традиционалната кинеска медицина, се верува дека мочниот меур на рибата тотоабa има чудотворна лековита моќ, најмногу како лек за артритис, проблеми со циркулацијата и кожата. Некои дури ја сметаат за лек кој наводно ја зголемува плодноста и потенцијата кај мажите.

Темната страна на риболовот на тотоаба е исчезнување на друг вид, со кој дели живеалиште. Поради тотоабу, настрада вакита, калифорниската морска свиња, најмалата во светот. Рибарите кога ги ловат тотоабите со нелегални мрежи, страдаат и вакитите.

Пред неколку години, Светскиот фонд за животински свет ја предупреди мексиканската влада да забрани риболов во нејзините морски живеалишта во Калифорнискиот Залив, но тоа не се случи.

Денес има помалку од десет и тие би можеле да исчезнат целосно во следната година.

Морската свиња е симпатично суштество, долго околу четири и пол метри. Поради нивните специфични очи кои наликуваат на кравјите, Шпанците ги нарекуваат морски крави.

Активистите предупредуваат дека најголем проблем се алчните картели, мафијата, сиромашните рибари и корумпираните службеници, поради што овој вид на морско животно нема шанси за преживување.