Морничаво убиство во Франција: Воспитувачка отрула единаесетмесечно бебе бидејќи не престанувало да плаче

134

Страшна трагедија се случила во Лион, Франција, кога воспитувачка (26) убила единаесетмесечно бебе бидејќи не престанувало да плаче.

Тоа го направила со нагризувачко средство за чистење одводи, а како што тврди адвокатот на одбраната, немала таква намера, туку само сакала да го смири бебето.

– Бебето плачело, сакала да го смири, но не можело да се смири. Направила несреќна и несмасна грешка со тешки последици – изјавил адвокатот на обвинетата, нагласувајќи дека не знаела дека се работи за отровен производ.

На почетокот не се знаело дека тоа е причината за смртта на единаесетмесечното бебе, бидејќи само било пријавено дека починало.

Работниците на итната помош го пронашле бебето во лоша состојба и го однеле во болница, каде продолжила реанимацијата, но ништо не можело да се направи.