Морнарски стил совршен летен избор за секој маж

148

На елегантен маж, но и на оние кои преферираат повеќе спортски и секојдневен стил, ништо толку совршено не му стои како сина боја, всушност сите нијанси на сина – од пастелни, суптилни нијанси, преку небо сина, интензивно сина, па сè до тегет. И кога на овие морски бои ќе им додадете малку бело или црвено, и тоа во линии, го добивате тој неодолив, вечен моден тренд, морнарски стил.

Шорцеви на пруги или еднобојни во нијанси на сина, од посветли кон потемни и во бела боја се нешто што треба да го има секој маж во својот гардеробер.

Еднобојните шорцеви, пак, можете да ги комбинирате со шарени памучни маици на пруги, без разлика дали тие се поло маици или широки, пријатни и лесни со V-деколте, во кои ќе изгледате спортски лежерно и елегантно.

Вечерниот аутфит може да се надополни со лесни летни, памучни џемпери, без разлика дали се во темносина боја или шарени, ако останатиот дел од  комбинацијата е еднобоен. Џемперот можете само да го префрлите преку рамениците или евентуално да ги врзете ракавите над градите. Можете исто така да се одлучите за летно лесно сако или ленена јакна.

Покрај потесните, традиционални панталони и бермуди, кои ги преферираат повеќето мажи, дизајнерите им предлагаат на мажите да експериментираат со панталони и шорцеви со широк крој, во кои ќе се чувствуваат удобно и опуштено.