Морбидно:Tаткото го избоде со нож, својот син, светски популарниот диџеј Капријати

237

Се огласи конечно светски популарниот 33-годишен диџеј Џозеф Капријати неколку дена по веста дека тој завршил во болница со повреди опасни по животот, откако беше избоден со кујнски нож од сопствениот татко.

– Жив сум фала ти Боже!Благодарам на сите што ме поддржуваа, трогнат сум. Сè уште не сум успеал да ги прочитам пораките и да одговарам на нив, но ќе го сторам тоа за неколку дена кога ќе закрепнам. Немав сила да зборувам, но лекарите велат дека најлошото поминало. Само би ве замолил да покажете малку почит кон моето семејство, бидејќи ниту јас, ниту кој било од вас нема право да ни суди. Му простувам на татко ми за лудата постапка и се молам за него. Сега мислам само на моето закрепнување. Се гледаме наскоро, порачал диџејот.

Според пишувањето на италијанските медиуми, Капријати, завршил во болница со повреди опасни по живот, а неговиот 61-годишен татко е уапсен. Ќе се терети за обид за убиство на својот син..