Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека тимот мора да се подобри во преостанатите шест трки до крајот на шампионатот во Формула 1, доколку сака да остане во борбата за шампионската титула.

  • Мислам дека бевме на патеки што повеќе му одговараа на Мерцедес, но имаше и патеки кои беа малку непознати, а тие беа пред нас. Мислам дека треба да се подобриме за да останеме во борба до крајот на сезоната, истакна Верстапен кој води со шест бода пред Хамилтон во генералниот пласман.