Мора да му го обновиме договорот на Меси

88

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, зборуваше за иднината на капитенот на тимот, Лионел Меси.

  • Неговиот договор истекува во 2021 година. Обврзани сме да му го обновиме. Последен пат разговаравме во саботата. Разговарам со играчите за да разберам во каква состојба се наоѓаат, и ние се соочуваме со многу проблеми. Исто така ги охрабрувам, да речеме да не се откажуваат, ги потсетувам дека тие се во можност да се натпреваруваат. Гледам дека Меси е мирен. Тој сака да ја заврши кариерата во Барса и ми кажа за тоа, соопшти Бартомеу.

Претходно, имаше информации дека каталонскиот клуб сака да ја намали платата на Меси. Бартомеу го извести играчот за ова, а Лео не е задоволен од оваа одлука.