Мора да има пет недели подготовки

31

Тренерот на шпанскиот прволигаш Севилја, Хулиен Лопетеги, испрати јасна порака до Фудбалската федерација на Шпанија дека секој тим има потреба од пет недели за подготовка, доколку биде донесена одлука за продолжување на актуелната сезона.

  • Гаранции и условите се тука, ама нам ни треба доволно време за да се подготвиме. За да се заврши оваа сезона – тоа ќе биде експеримент. Никој не знае што ќе се случува. Ама, мора да сме мирни и трпеливи, а најважно е јавното здравје. Јас можам да кажам дека нема да биде ни како да се враќате од летен одмор. Треба да сме свесни дека во психата нема да бидеме ни 20 отсто во однос на тоа што е нормална предсезона. Но, тоа е што е, а освен од гаранциите од властите ќе треба да имаме и подолг период на подготовка. Тука не станува збор само за превентива од вирусот, туку има и друг дел – здравјето на фудбалерите севкупно. Не заборавајте, треба да играме на секои три дена, а за такво нешто минимум ни требаат пет недели подготовки. За такво нешто мора да бидеме физички спремни, изјави Лопетеги.