Морачанин: Не располагаме со гласовите на граѓаните, не е наше да повикуваме да гласаат за било кого

88

Маја Морачанин, претседателка на партијата ДОМ, во денешното издание на „Утрински брифинг“ истакна дека во вториот круг нема да ги повикуваат граѓаните да гласаат за било кого, но потенцираше дека и понатаму ќе бидат дел од владината коалиција.

– Ние јасно кажавме уште пред почетокот на изборите рековме дека ние не располагаме со гласовите на граѓаните. Гласовите се нивни. Не е наше да повикуваме да гласаат за кого било. Ова нема да ја разниша владината коалиција. Ние јасно кажавме дека остануваме дел од владината коалиција. Ние со нашите тројца пратеници со ЛДП не се дел од никакво преструктуирање на парламентарното мнозинство и тоа се шпекулации. Јасно ја слушнавме и пораката и критиките од граѓаните. Тоа покажува дека сме биле во право кога рековме дека мора да направиме промени оти тоа го бараат граѓаните.

Една од независните, Ана Петровска, претходно беше членка на ДОМ. Сега процентот гласови што го има Петровска е поголем од оној на вашиот кандидат. Оттука се покажа дека граѓаните сакаат личности како неа.

– Во политиката мора да сте искрен и чесен кон граѓаните. Не може едно да ветувате, а во институциите друго да правите. Таа потфрли во инспекторатот како директорка и тоа беше причина за нејзино разрешување по што таа излезе од партијата. Сега инспекторатот покажува одлични резултати. Ана Петровска имаше намера да го дискредитира ДОМ како партија и не ѝ успеа, кажа лидерката на ДОМ.