Морав да го одбијам Сити

143

Најдобриот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, најпосле откри зошто во 2011 година не ја прифатил понудата на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити.

  • Имав шанса да потпишам за Манчестер Сити кога бев фудбалер на Барселона. Сепак ја одбив нивната понуда затоа што после авантурата на “Ноу Камп” јас имав потреба да бидам на некое посреќно место. Имав потреба од среќа, изјави Ибракадабра.

Во 2011 година, шведскиот интернационалец потпиша за калчо гигантот Милан со кого освои една шампионска титула.