Монструмот кој си ги уби трите деца, бил опседнат со мислата дека не им е биолошки татко?

317
Фото: Jutarnji.hr

Граѓанин на Виена, близок на 56-годишниот австриски државјанин Харолд Копиц, кој на монструозен начин ги уби своите три малолетни деца во Загреб, изнесе шокантни детали од двојниот живот на својот пријател кој го покажал монструозното лицe.

Тој изјавил дека Копиц бил опседнат со помислата дека тој не е биолошкиот татко на децата, пишува австриски таблоид Heute.

Во објава пред да го стори грозоморното злосторство на својот фејсбук-профил Австриецот се жалел како неговите браќа од масонската ложа не сакале да му помогнат да ги надмине своите финансиски проблеми.

-Немаше пари – изјавил изворот, според кој Копиц бил во големи проблеми.

Во масонските кругови поради обвинувањата од Копиц се во неверица. Портпаролот на Светската масонска организација изјавил дека Копиц лично не го познавал и не може да го идентификува како еден од браќата.

-Не знам што очекувал и зошто воопшто им се придружил на масоните, ако тоа воопшто е вистина. Масоните меѓусебе се помагаат само легално. Од друга страна ништо не го оправдува убиството кое го сторил, тоа не одговара на масонската филозофија. Масоните се оградуваат од извршителот на злоделото, рекол портпаролот.

Според изворот на австрискиот Heute, Копиц честопати во Виена го посетувал „црвениот кварт“ и земал дрога. Неговиот пријател изјавил дека Копиц изгледал како да е во депресија. Неколку пати му нагласувал дека е сигурен оти не е биолошки татко на седумгодишните близнаци девојче и момче и четиригодишното машко дете.

-Во изминатите две години редовно и континуирано го омаловажуваше своето семејство – изјавил неговиот пријател за Heute.

Убиецот сега се наоѓа на интензивна нега во добра состојба и е под полициски надзор во болница Сестри на милосрдието во Загреб. Полицијата истражува дали бил под влијание на психоактивни супстанци во моментот на предизвиканиот злочин,

Извор: Блиц.рс

Откриени страотни детали: На децата прво им дал таблети, а кога почнале да се будат ги задавил со раце