Монсанто доаѓа на Балканот, страв и паника меѓу граѓаните

Веста за доаѓањето на Монсанто на Балканот внесе страв и паника меѓу жителите, посебно оние подобро упатените кои знаат што може да му се случи на регионот по доаѓањето на една ваква компанија која е виновна за животите на многу луѓе. Во Србија во план се измени на законот за генетски модифицирани организми со кои се дозволува промет на ГМО-соја и нејзини производи за животинска исхрана. И во Македонија граѓаните станаа многу чувствителни на темата ГМО, особено поради фактот дека Агенцијата за храна и ветеринарство поднесе предлог за законски измени со кои се овозможува праг на толеранција на ГМО во храната од 0,9 отсто

545

Глобалниот лидер во производство на семиња и пестициди, Монсанто, доаѓа на Балканот. Можеби сè би било поинаку доколку не се знаеше дека оваа компанија е една од трите компании со најлоша репутација во светот. Освен природата, животните, загрозени се и луѓето кои развиваат разни болести и деформитети. Никој не може да ја докаже корелацијата на болеста со производите на Монсанто, поради нивните научни трудови со кои ги мамат луѓето. Луѓето се немоќни, бидејќи оваа корпорација, во согласност со светските влади врши депопулација на населението, а истовремено ја прилагодува планетата на своите ГМО производи кои буквално уништуваат сè живо што постои на Земјата.
Веста за доаѓањето на Монсанто на Балканот внесе страв и паника меѓу жителите, посебно оние подобро упатените кои знаат што може да му се случи на регионот по доаѓањето на една ваква компанија која е виновна за животите на многу луѓе. Во Србија во план се измени на законот за генетски модифицирани организми со кои се дозволува промет на ГМО соја и нејзини производи за животинска исхрана.
И во Македонија граѓаните станаа многу чувствителни на темата ГМО, особено поради фактот дека Агенцијата за храна и ветеринарство поднесе предлог за законски измени со кои се овозможува праг на толеранција на ГМО во храната од 0,9 отсто. Граѓаните преку онлајн петиција бараат да се стопираат законските измени кои треба да овозможат производство на генетски модифицирана храна во земјава. Според „Коалиција Против ГМО“ која ја поднесе иницијативата, производството и консумацијата на ГМО-храна не смее да се дозволи бидејќи претставува ризик врз биодиверзитетот и земјоделците, а дополнително проблем е и слабата информираност на луѓето за влијанието на ГМО-храната врз нивното здравје.

Озлогласени компании сеат страв

Што се однесува до Монсанто примерот со Аргентина која Монсанто целосно ја запраши доволно зборува зошто оваа компанија е озлогласена и многу земји не дозволија да влезе на нивна територија. Причината за влез на компанијата во оваа јужноамериканска држава е недостигот на законодавство, кој доведе до тоа аргентинското населението да биде најмногу изложено на токсични хемикалии кои ги контаминираат куќите, дворовите, училиштата, водата за пиење и луѓето. Лекарите и научниците предупредуваат дека неконтролираното запрашување сериозно го загрозува здравјето на луѓето. Американската биотехнологијата ја претвори Аргентина во трет производител на ГМО-соја во светот, но хемикалии кои овозможуваат голем род, исто така ги загадуваат куќите, училиштата, водата за пиење, но, исто така, и полињата, плантажите со пченка и памук. Сè повеќе и повеќе научници јавно зборува и предупредуваат дека ова неконтролирано прскање и третман со отрови на плантажите е причина за голем број на болни лица регистрирани во јужноамериканските болници.
Испразнетите агрохемиски контејнери, вклучувајќи ги и “празните” производи на Монсанто, се фрлени во центарот за рециклирање во Кимила, провинцијата Сантијаго дел Естеро, во Аргентина. Опасниот “глифосфат”, кој е клучна состојка во производите на Монсанто, во Аргентина се користи осум до десет пати повеќе отколку што е вообичаена практика во САД. Аргентина не ги применува националните стандарди за земјоделски хемикалии, оставајќи ги одлуките на автономните провинции и надзорот на локалните општини!
Сето ова доведе до тоа во оваа земја кај некои деца да се јавуваат влакнести бемки низ целото тело кои лекарите не можат да ги објаснат. Иако оваа болест не може да се дијагностицира, лекарите се согласуваат дека овој вид вроден дефект може да биде резултат на агрохемикалии. Во провинцијата Чако, децата се со четири пати поголеми шанси да се родат со вродени деформитети како последица на биотехнологијата која се шири во аргентинското земјоделство.
Во последните 17 години целиот аргентински род на соја и речиси целиот род на пченка и памук е генетски модифициран, а тоа се случи откако компанијата Монсанто им вети огромни приходи на Аргентинците, со приказната дека помалку ќе се употребуваат пестициди доколку се искористат само нивните патентирани и заштитени семиња и хемикалии. И покрај ветувањето за намалување на пестицидите, според податоците на Министерството за земјоделство во овој период агрохемиското запрашување се зголемило за десет пати.

Стоп на кражбите и загадувањето на Кордоба и Аргентина

Паролата “Стоп на кражбите и загадувањето на Кордоба и Аргентина” поставена е на оградата на просторот на кој озлогласениот Монсанто ќе ја гради најголемата лабораторија за производство на ГМО-семе во Латинска Америка во градот Малвинас Аргентинас, во провинцијата Кордоба. Празни контејнери од пестициди спремни за рециклирање се собираат во магацинот на Земјоделското деловно здружение во провинцијата Ентре Риос. Никој не се придржува на наредбата на министерот за здравство употребената амбалажа да се исече за да се спречи нејзина повторна употреба.
Д-р Андрес Караско, молекуларен биолог на Универзитетот во Буенос Аирес покажа дека со вбризгување на многу мали дози на глифосфат (хербицид за плевел) во ембриони од жаби и кокошки, може да предизвика промена во количеството на ретинолска киселина што предизвикува вродени дефекти на ‘рбетот на жабата и пилешкиот ембрион. Овие промени лекарите сè почесто ги забележуваат кај луѓето во областите каде што се присутни хемикалиите.
Во една населба во провинцијата Санта Фе во која се наоѓа центарот на одгледување на соја во Аргентина, утврдено е дека два до четири пати е зголемена стапката на рак и хипотироизам, како и хронични респираторни болести во однос на другите делови на Аргентина.
Поранешниот работник на плантажа Фабијан Томази (47), заболел од полиневропатија бидејќи бил задолжен да ги полни боците со запрашувачи кои никогаш не требало да бидат празни со хемикалии. Како што тврди, тој никогаш не бил обучен да работи со пестициди. “Подготвував милиони литри отров, без заштита, без ракавици, без маски или специјална облека, ништо не знаев. Кога отидов на лекар дознав дека сум болен”, вели тој.
Ако производите на Монсанто заживеат на балканските полиња сите нас нè чека иста судбина.