Момче од Нигерија танцуваше бос на дожд, па доби стипендија да студира балет/ВИДЕО

216
Фото: Instagram/screenshot, leapofdanceacademy

Единаесетгодишно момче од Нигерија чиешто видео како танцува на дожд, стана вирално на социјалните медиуми, доби стипендија за студирање балет на престижната американска академија.

Ентони Мемсома Маду танцуваше на дождот во Лагос, а неговото училиште за танцување го сподели видеото на Интернет и тоа веднаш стана хит. Неговите грациозни движења ја воодушевија добитничката на Оскар, Виола Дејвис, но и американскиот балетски театар во Њујорк.

Театарот му понуди на Ентони стипендија и му организира пристап до Интернет, така што 11-годишникот може да има виртуелна обука уште ова лето.

„Освоив голема награда со одење во САД … Ќе бидам во авионот и тоа е она што ме чека и балетот го направи за мене“, изјави момчето кое не можеше да го сокрие својот ентузијазам за „Вашингтон пост“.

Неговото видео, гледано од милиони, обезбеди и бројни донации за училиштето во Нигерија, каде момчето вежба во моментов.

Основачот Даниел Ајала Овосени изјави дека средствата ќе бидат искористени за промовирање на балетот во Нигерија.

„Видов потреба да се донесе оваа уметничка форма која покажува дисциплина, посветеност и строгост“, рече тој.

Ентони за BBC News пред неколку дена изјави дека се чувствувал како да сонува додека танцува.

„Онаму каде што живеам нема балетски танчери како мене“, рече 11-годишникот. „Кога луѓето гледаат балет, мислат дека е само за девојчиња, но не знаат дека не е така“. Сакам да ме гледаат како машки балетски танчер. Танцувам балет затоа што сакам да танцувам. Чувството што го имам кога танцувам е како да сонувам – рече Ентони за Би-Би-Си