Момчето со илјада лица моли за прошка

158
epa10110491 Roma's Nicolo Zaniolo reacts during the friendly soccer match AS Roma vs FK Shakhtar Donetsk at Olimpico stadium in Rome, Italy, 07 August 2022. EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Изминатите неколку дена, Николо Заниоло беше главна тема во фудбалските медиуми. Големиот талент од редовите на Рома го одби трансферот во редовите на англискиот премиерлигаш Бурнемаут, а потоа предводникот на римската „волчица“, Жозе Мурињо, потврди дека повеќе не смета на неговите услуги. Заниоло сакаше да се пресели во редовите на Милан, а откако сфати дека од тоа нема да биде ништо испрати писмо со кое побара прошка од раководните лица, тимските колеги, стручниот штаб и најверните фанови на Рома.

  • Многу невистини беа напишани и кажани во изминатите неколку недели. Во Рома дојдов како анонимус и тука бев примен како еден од нив. Покажаа дека ми веруваат и ме охрабрија во тешките моменти кога бев повреден. Со голот во Тирана дојдов до заклучок дека сум вратил се што сум добил затоа што донесов голема радост. Со 23 години имам поголемо искуство од некои колеги и тоа за цел живот. Паѓав, станував, повторно паѓав, победував… Во изминатите неколку месеци поминав низ тежок период и не знаев каква ќе ми биде фудбалската иднина. Секогаш бев максимално посветен и професионален. За првпат изминатите неколку дена бев исплашен за мојата фамилија. Имав чувство дека сум напуштен, тоа првпат ми се случува и бев многу уплашен. Иднината е во моите раце и секогаш ќе бидам на располагање на тимот, напиша Заниоло.

Интересно е што во последните неколку часа од зимскиот преоден рок Заниоло се обиде да го реализира трансферот во Бурнемаут, но англсикиот премиерлигаш повеќе не беше заинтересиран за фудбалерот кој претходно има ја „тресна вратата“. На крајот мораше да остане во Рим, а тешко е за верување дека челниците и фановите на Рома ќе го прифатат неговото извинување.