Момчето кое го фати крстот во Кавадарци и навивачката група Лозари Исток собраа повеќе од 81.000 денари за лекување на Драгана Малкиќ

66

Момчето кое го фати светиот крст на Водици и навивачката група Лозари Исток на која и припаѓа, во хуманата акција собраа над 81.000 денари за лекување на Драгана Малкиќ.

– Спојувајќи ги религијата и хуманоста тие инспирираа голем број на кавадарчани да се вклучат во хуманитарната акција за помош на Малкиќ на која и е потребна итна операција во Германија. На штандот на кој кавадарчани имаа можност да го целиваат светиот крст кој вчера беше потопен во водите на реката Луда Мара, беа собрани парите кои веќе се предадени на семејството Малкиќ, информираа од навивачката група.

И покрај задоволството од огромниот одѕив од навивачката група Лозари соопштија дека и во наредниот период ќе продолжат со хуманитарната акција, се со цел што побрзо да се соберат уште 5.000 евра кои се потребни за операцијата на Малкиќ.

Лозари потсетуваат дека сите хумани луѓе можат да донираат на жиро-сметката 280109104095596.