Можно е: Сите 4 актерски Оскари – за хомосексуални улоги?!

108

Во пресрет на церемонијата на доделување на Оскарите кое ќе се случи во Долби театарот во Лос Анџелес, в недела, на 24 февруари, дописникот на Би-би-си, Стивен Мекинтош, ги објави малку познатите, но секако многу интересни куриозитети поврзани за годинешново доделување. Така, номинираниот актер Кристијан Бејл кој е речиси целосно непрепознатлив во улогата на Дик Чејни во филмот “Потпретседателот”, има роденден на ист датум (30-ти јануари), како и главниот лик што го глуми во филмот. Ѕвездата на “Рома” на Алфонсо Куарон, филм кој важи за еден од најголемите фаворити, Јалица Апарисио, никогаш не била ангажирана во филмови?!

Актерките Оливија Колман и Рејчел Вајс во филмот “Фаворитка” се љубовнички, Рами Малек го игра познатиот изведувач Фреди Меркјури од култната група “Квин” кој почина од сида, а во “Зелената книга” Али Махаршала глуми лик кој “треба да биде хомосексуалец”. Сите овие актери се номинирани за најпрестижната филмска награда Оскар за главна или споредна машка и женска улога, па така постои голема можност тие да бидат и добитници на престижната награда во овие 4 категории на годинешново 91. доделување на Оскарите. За ова постои голема веројатност со оглед дека истите актери веќе добија БАФТА награда на Британската филмска академија. Ова е само еден од голем број интересни факти кои во пресрет на доделувањето на Оскарите, кое ќе се случи во Долби театарот во Лос Анџелес, в недела, 24 февруари, ги објави дописникот на Би-би-си, Стивен Мекинто.

Како потсетување, номинираните беа објавени на 22 јануари, а најмногу номинации (по 10) имаат “Рома” на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон и “Фаворитката” на грчкиот режисер Јоргос Лантимос.

Интересен куриозитет од списокот на Мекинто, поврзан за годинешново доделување е и случајот со актерот Кристијан Бејл, кој е речиси целосно непрепознатлив во улогата на Дик Чејни во филмот “Потпретседателот”. Токму Бејл има роденден на ист датум (30 јануари), како и главниот лик што го глуми во филмот.

Она што исто така е интересно е фактот што Лејди Гага, своето сценско име го зела од познатата песна “Радио Гага” на култната група “Квин”, која ќе има и свој настап на доделувањето на Оскарите. Филмот со Лејди Гага во главната улога “Ѕвездата е родена”, за награда ќе се бори токму со филмот “Боемска рапсодија”, кој говори за пејачот на бендот “Квин”, Фреди Меркјури.

Една од интересните работи е и што за Оскар за женска улога и годинава е номинирана Глен Клоус, која има најголем број на номинации, но не и статуетки. Во нејзината кариера, таа има 7 номинации за Оскар, но досега нема освоено ниту еден.

Ѕвездата на “Рома” на Алфонсо Куарон, филм кој важи за еден од најголемите фаворити, Јалица Апарисио, никогаш не била ангажирана во филмови?! За да го снима филмот, таа морала да го научи јазикот на древната мезоамериканска нација која живее во мексиканската држава Оака и државите северно од неа…

 “Квин” ќе настапи на Оскаровската ноќ
Британската поп-рок група “Квин” ќе настапи на Оскаровската ноќ, што ќе се одржи на 24 февруари во Холивуд, информираше Академијата за филмска уметност и наука, а која ги доделува најпознатите светски награди Оскар. Тоа било одлучено заради големиот успех кој го постигнал филмот во режија на Брајан Сингер – “Боемска рапсодија”, а кој го претставува животот на починатиот вокал и фронтмен на бендот, Фреди Меркјури. На сцената ќе настапат членовите на “Квин”, Брајан Меј и Роџер Тејлор, заедно со екс звездата на американскиот Идол, Адам Ламберт.

Кои се фаворитите за Оскар?

Во пресрет на доделувањето на најпознатите филмски награди Оскар, до последниот ден се прават предвидувања за тоа кој од номинираните ќе успее да ја освои златната статуетка. Црнобелиот “Рома# на Алфонсо Куарон е најголем фаворит за добивање награди, дури неколку Оскари.

Предвидувањата велат дека овој филм на оскаровската ноќ ќе се закити со 4 статуетки – најдобар филм, најдобар режисер, најдобар странски филм и најдобра кинематографија. За “Фаворитката” на Јоргос Лантимос, пак, предвидувањата се дека ќе добие два – за најдобро оригинално сценарио и за костими, додека филмот “Сопругата” ќе добие Оскар за најдобра главна женска улога (Глен Клоуз). На музичките филмови “Боемска рапсодија” и “Ѕвездата е родена# им предвидуваат Оскар, за најдобра главна машка улога (Рами Малек), и за најдобра песна (“Шалоу” од “Ѕвездата е родена”). За споредните машка и женска улога, се предвидува Оскарите да отидат во рацете на Махершала Али (за “Зелената книга”), односно кај Реџина Кинг (за “Да можеше да зборува улицата Бејл”). За Марвелиовиот “Одмаздници: Војна на бесконечноста”, пак, му е предвиден Оскар за најдобри визуелни ефекти, додека на “Црниот член на Клу клукс кланот”, наградата за најдобро адаптирно сценарио.

Без водител, но со повеќе презентери на Оскарите 2019
Возбудата пред доделувањето на Оскарите 2019 продолжува да расте бидејќи се повеќе презентери беа објавени од страна на Академијата. На Твитер беа откриени ѕвездите кои ќе ги претстават номинираните од категоријата за најдобар филм: шеф Хозе Андрес, Дана Карвеј, Квин Латифа, конгресменот Џон Луис, Диего Луна, Том Морело, Мајк Маерс, Тревор Ноа, Аманда Стенберг, Барбара Стрејсенд и тенисерката Серена Вилијамс.

Претходно, пак, како презентери за другите категории на Оскарите 2019 беа најавени: Хавиер Бардем, Ангела Басет, Чадвик Боземан, Емилија Кларк, Лора Дерн, Самуел Л. Џексон, Стефан Џејмс, Кеган-Мајкл Ки, Кики Лајн, Џејмс Мекавој, Мелиса Мекарти, Џејсон Момоа, Сара Полсон, Елси Фишер, Данаи Гурира, Брајан Тири Хенри, Мајкл Б. Џордан, Мајкл Китон, Хелен Мирен, Џон Мулани, Тајлер Пери, Фарел Вилијамс, Кристен Ритер, Пол Руд и Мишел Јео. Како што е познато, церемонијата на доделувањето остана без водител откако Кевин Харт се откажа, два дена откако беше објавено дека ќе ја води, поради хомофобичните шеги што ги направил во минатото.