Можно е нов договор за Погба

101

Контроверзниот фудбалски агент Мино Раиола повторно го шокираше спортскиот свет но сега со изјавата која е наменета за неговиот клиент, францускиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

Иако веќе со месеци доминираат информациите дека искусниот играч за врска сака по секоја цена да си замине од „Олд Трафорд“, неговиот агент изјави дека сите опции биле во игра, но и таа за продолжување на соработката за уште неколку сезони. Погба е проценет на 120 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Реал (М).