Можно е Германија да го стопира меѓународниот воздушен сообраќај поради Ковид-19

47

Германија планира да го стопира меѓународниот воздушен сообраќај поради пандемијата со Ковид-19, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи орст Зихофер.

– Опасноста од различните мутации на вирусот бара во рамките на Владата да разгледаме и да разговараме за драстични мерки, меѓу кои и намалување на воздушниот сообраќај во правец на Германија практично на нула, како што направи Израел, посочи Зихофер.

Тој додаде дека граѓаните на Германија ги прифаќаат рестриктивните мерки, а од Владата очекуваат да ги заштити што е можно подобро од експлозија на бројот на заразени лица.

Претходно и германската канцеларка Ангела Меркел ја спомна можноста за стопирање или значително намалување на меѓународниот воздушен сообраќај.