Можни состави за финалето Италија – Англија

54

Точно во 21:00 часот ќе стартува финалниот натпревар на ЕП 2020 помеѓу репрезентациите на Италија и Англија. „Гордиот Албион“ е во мала предност поради фактот дека игра на домашен терен, на фудбалскиот храм „Вембли“, а поголемиот дел од фудбалските медиуми веќе ги открија можните состави на двата тима.

МОЖНИ СОСТАВИ:

Италија: Донарума, Ди Лоренцо, Бонучи, Киелини, Емерсон, Верати, Барела, Жоржињо, Инсиње, Имобиле, Киеза.

АНГЛИЈА: Пикфорд, Вокер, Мегавер, Стоунс, Шо, Рајс, Филипс, Маунт, Стерлинг, Сака, Кејн.