Можна уште една руско-украинска размена на притворени

106

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков не ја исклучи можноста дека Русија и Украина можеби ќе извршат уште една размена на лица кои моментно се наоѓаат во притвор, но предупреди и дека подготовките бараат многу време и труд.

– Новата размена бара почнување на долг процес, размена на мислења и долготрајна работа, полна со разбирање, истакна Песков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев работи на списокот за уште една размена со Русија на лица кои се наоѓаат во притвор.

Москва и Киев на 7 септември разменија по 35 лица.