Може ли да се изработи слон од гумите во ЗОО

271

Креативната портпаролка на Зоолошката градина во Скопје, Тина Мицковска, даде идеја за изработка на слон од автомобилски гуми и праша зошто еден таков не би ја красел нашата Зоолошка.

Прашана дали навистина би се реализирало тоа, таа истакна дека сега-засега тоа останува само како идеја.

-Тоа го ставив на фејсбук-страницата на Зоолошката само како идеја, што не значи дека мора да се реализира. Зимата ќе правиме креативни украси и лулашки од гумите – изјави Мицковска.

Таа додаде дека дел од гумите што ги имаат се запленети, а дел се извадени од реката Вардар во акцијата за чистење што ја организираше „Не биди ѓубре“.