Еден од најдобрите кошаркари во светот, Леброн Џејмс, ја опиша ситуацијата во Лос Анџелес Лејкерс откако долгогодишниот претседател на клубот, Меџик Џонсон, решил да си замине.

Џонсон донел изненадувачка одлука пред натпреварот меѓу „езерџиите“ и Портланд што се одигра на 10. април, кога Маурис Херклс со тројка во последната секунда им донесе победа на „блејзери“ и воедно го однесе тимот во плејофот. Меџик пред новинарите во емотивно обраќање истакна дека и сопственичката Џини Бас ќе дознае од медиумите дека се повлекува од функцијата, бидејќи, како што изјави тогаш немал храброст да и каже во лице.

-Помеѓу моите серии на истегнување, дојде помошникот Ренди Мимс и ми вели: „Меџик реши да се повлече“. Јас му кажав: „Човеку, тргни ми се од пред очи, не ме зафркавај“. Го гледам телефонот и тогаш поверував во неговите зборови. Лично, јас дојдов во Лејкерс по разговорот со Меџик и ми беше мака што си замина. Барем да ми кажеше: Еј Леброн, бакни ми го газот, јас си одам, истакна „Кралот“ за „ХБО“.

Од друга страна, младиот кошаркар Лонзо Бол целата ситуација ја доживеал на сосема поинаков начин.

-Тој тоа го дозна тоа од мене. Беше во фазот – тоа ср*ње е лудо! А по само една минута, еј Куз (Кајл Кузма), што ќе правиме вечерва?, ја опиша ситуацијата Леброн.