Макс Верстапен не ја отфрли можноста еден ден да биде тимски колега со Шарл Леклер во тимот на Ферари. Според холандскиот пилот на Ред Бул, тој и Шарл може да имаат одредено ривластво, но тие нема да водат војна, каква што имаше меѓу Луис Хамилтон и Нико Розберг во тимот на Мерцедес.

  • Ферари е легендарен тим во Италија. Кога Италијанците зборуваат за нивниот омилен тим, тоа е како да се спомене самиот Господ. Беше неверојатно да се види како тифозите се радуваат на победата на нивниот омилен тим. Сакам да го возам најбрзиот болид и да се борам за титулата. Ако тој е со црвена боја, тогаш е можно во иднина да се натпреварувам со него. Ние сме млади и брзи, што повеќе можете да посакате? Сигурно ќе има ривалство, но не верувам во ситуации како онаа меѓу Луис Хамилтон и Нико Розберг во Мерцедес пред години, изјави Верстапен.