EPA/EDDY LEMAISTRE

Поранешниот голман на француската ракометна репрезентација, Тиери Омејер, зборуваше за официјалната страница на Европската ракометна федерација (ЕХФ), и тоа за кариерата, успесите со репрезентацијата, како и за клупските настапи.

Со екипата на ПСЖ, во сезоната 2016-2017, Омејер играше во финалето во Лигата на шампионите против Вардар, кога македонскиот шампион, со голот на Иван Чупиќ во последната секунда, дојде до првиот трофеј во ЛШ.

Искусниот голман не успеа да го одбрани последниот шут на „црвено-црните“ и мораше да го прифати поразот.

– Секако дека сакав да ја освојам Лигата на шампионите со ПСЖ во 2017 година, но Вардар нè победи со гол во последната секунда. Постигнав многу во кариерата и ја завршив кога посакав. Но, сигурен сум дека можев да бранам уште една или две сезони – изјави Омејер.