Никола Гњатовиќ, своевремено важеше за еден од најталентираните тенисери во својата генерација. За него таткото на моментно светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, Срѓан, во една прилика кажа дека не видел поталентиран тенисер од него.

Станува збор за играч чија кариера траеше многу кратко, а истата мораше да биде прекината заради големи проблеми со наркотицит. Никола е вториот играч од овие простори кој потпиша догвор со најпопуларната опрема за играње тенис – „Хед“, но и тоа не му помогна да го надмине проблемот до наркотиците и да стане голема ѕвезда во тенисот.

-Играв за Дејвис куп репрезентацијата на Србија. Со мене во тоа време, во репрезентацијата беа Типсaревиќ, Вемиќ и Тошиќ. Пред тоа во јуниорска конкуренција го победував Русинот Марат Сафин, а Роже Федерер го победив на еден тренинг. Тогаш немаше човек кој не ми предвидуваше блескава кариера и светскиот врв во тенисот, откри Никола.

Веднаш потоа дошле и проблемит со наркотиците, односно подобро кажано пеколот за младиот и талнтиран тенисер.

-Првпат земав хероин на 21. година и тука ргна мојот пекол. Запаснав во долгови, наркоманска криза, почнав да крадам само за да дојдам до дрога. Се обидов да играм и понатаму тенис, но не ми одеше. Во тоа време и моето семејство се распадна. Повеќе од десет пати бев во болница. Цели 17. години поминував низ голготата што ја носи дрогата. Поранешни играчи и колеги им велат на родителите на децата дека сум поранешен наркоман и дека не треба да ми ги даваат децата јас да ги учам да играат тенис. А јас и кога бев во најтешките кризи не делев дрога, ниту пак би му дал на неко дете. Попрво на себес си ќе си ја отсечам раката, заврши поранешниот тенисер чија кариера заврши неславно.

Србинот успешно ја поминал програмата за ресоцијализација, а според неговите зборови старите навики ги оставил зад себе.