Репрезентативецот на Бразил, Дани Алвеш, откри дека за време на летниот преоден рок добил понуда и од поранешните клубови, но на крајот ја прифатил таа на Сан Паоло.

Офанзивниот бек изминатата сезона ја одработи во дресот на ПСЖ, а во татковината се врати како слободен играч.

  • Можев да се вратам во редовите на Јувентус или во тие на Барселона. Не ги прифатив нивните понуди затоа што не ја добив потребната гаранција. Среќен сум што се вратив во Бразил, изјави Алвеш кој од пред неколку месеци е и капитен на „кариоките“.