Можевме да го донесеме Халанд за 70.000 евра

77

Норвешкиот интернационалец од редовите на Борусија од Дортмунд, Ерлинг Халанд, во следните пет сезони ќе го носи дресот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити. За да ги осигураат неговите услуги, челниците на Сити мораа да одвојат околу 60 мил. евра.

Брајан Кинг, скаутот на Евертон, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека популарните „карамели“ за смешна сума можеле да ги осигураат услугите на Халанд.

  • Можевме да го донесеме Халанд за 70 илјади евра. Проценката беше дека како млад и висок, како ќе одминуваат годините, ќе ја изгуби својата ефикасност и брзина. Нормално тоа не се случи. Стана уште побрз и подобар, откри Кинг.