epa10072671 US golfer Tiger Woods at the end of the second round at the 150th Open Golf Championships in St. Andrews, Scotland, Britain, 15 July 2022. EPA-EFE/ROBERT PERRY

Тајгер Вудс веќе не може, телото му е уморно, а ногата боли по сообраќајната несреќа. Се чини дека ова е крај на една голема кариера.

Изгледа дека се ближи крајот на можеби најголемата кариера во историјата на голфот. Легендарниот американски голфер Тајгер Вудс (46) објави дека е подготвен да се пензионира поради здравствени проблеми кои се влошуваат по многу тешка сообраќајна несреќа што ја преживеа.

Тој се врати на теренот во април годинава, 14 месеци по несреќата во која за малку ќе ја загуби десната нога и оттогаш играше на неколку многу големи турнири. Сега, пред турнирот на Бахамите на кој ќе игра, признава дека состојбата му е многу лоша и дека тешко дека ќе игра голф уште долго.

„Немам многу сила во ногата. Сè уште можам да играм, но едноставно не можам да одам. Имав многу проблеми оваа година, но можев да играм. Работев на проблемите, но овој пат само времето може да го стори своето и да ми помогне, беше искрен Вудс.

Тајгер Вудс беше најголемата ѕвезда во историјата на голфот, но во текот на кариерата си правеше многу проблеми со разни скандали, од кои последен беше тешката сообраќајна несреќа која ја предизвика во пијана состојба. Сега поради последиците кои ги чувствува дефинитивно мора да се збогува со спортот, но прашање е кога.

Јасно е дека планира да одигра уште неколку турнири до крајот на годината, но неговиот настап на турнирите во 2023 година е доведен во прашање.