Модриќ сака кај Пеп

57

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, откри дека менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, е сериозно заинтересиран за услугите на хрватскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Лука Модриќ. Искусниот играч за врска има договор со „кралскиот клуб“ до крајот на актуелната сезона, а истиот извор тврди дека Модриќ е повеќе од заинтересиран за преселба на „Итихат“.