Модриќ прв играч кој ги одиграл сите седум натпревари на СП на возраст од 37+

47
epa10206062 Luka Modric of Croatia warms up for the UEFA Nations League soccer match between Austria and Croatia in Vienna, Austria, 25 September 2022. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Лука Модриќ играше на сите седум натпревари за Хрватска на Светското првенство 2022.

Триесет и седумгодишниот играч за врска се најде во почетниот состав на „коцкестите“ на дуелот со Мароко за третото место на Мундијалот во Катар.

Претходно, само голманите Питер Шилтон (1990) и Дино Ѕоф (1982) забележаа седум настапи на исто Светско првенство на возраст од 37+ години.

На тој начин, играчот од средниот ред на Реал Мадрид стана прв играч кој не е голман, кој играл на сите седум натпревари на турнирот на возраст од 37 или повеќе години.