Хрватската репрезентација го освои бронзениот медал на Мундијалот, совладувајќи го Мароко, а по мечот за смртта на српската легенда Синиша Михајловиќ проговори и предводникот и капитен на „коцкестите“ Лука Модриќ.

  • Бевме шокирани од веста, иако знаевме дека се бори со тешката болест. Се надевавме дека ќе успее да се справи. Можам само да изразам сочувство до неговото семејство и нека почива во мир, изјави најдобриот хрватски фудбалер.