Модниот креатор ја исмејува Цеца Ражнатовиќ

366

Некогаш многу добри, дури и совршени пријатели, денес се вистински непријатели. Модниот креатор Саша Видиќ и фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ не можат веќе да се трпат еден со друг. – За сè е виновен Видиќ, коментираат некои од пријателите на Цеца. Откако таа не соработува веќе со него, тој ја користи секоја прилика да ја исплука својата довчерашна пријателка која многу му помогнала во работата, кога Видиќ дојде да работи во Србија, бегајќи од војната во Босна. Сега Видиќ, Ражнатовиќ ја вика официјално само по име, а не и по прекар како порано.
– Светлана, мораш да го промениш целиот тим во врска со модата. Целиот, тој целиот твој тим. Со ова што го носиш на себе си се деградирала, истакна познатиот српски креатор неодамна во една ТВ-емисија, а во врска со тоа како беше облечена славната пејачка. Дали причината за кавгата е во парите или нешто трето, останува времето да покаже. Инаку, Цеца не одговара на ниту еден од овие коментари на Саша.