МНР: Засега нема информации за повредени или загинати наши државјани во железничката несреќа во Грција

61
EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Министерство за надворешни работи информира дека досега ниту до Министерство ниту до нашите дипломатско конзуларни претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во железничката несреќа која околу полноќ се случи при судир на возови во близина на грчкиот град Лариса.  Во централна Грција се судрија патнички и товарен воз, а спасувачките екипи ги извлекуваат патниците од згмечените вагони. Според првичните информации најмалку 36 лица загинаа, а 85 се повредени.

Од МНР велат: Во врска со трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случила блузу градот Лариса во Грција, известуваме дека досега ниту до Министерство ниту до нашите дипломатско конзуларни претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во несреќата има и државјани на Република Северна Македонија. Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде чекаме и официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа. Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција. Информираме дека нашите контакти се отворени 24 часа, а на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732, велат од МНР.