МНР: Да не се патува во Вухан и поширокиот регион поради коронавирусот

184

Министерството за надворешни работи на Македонија ги предупредува граѓаните кои патуваат во НР Кина на опасноста од коронавирусот, со потекло од градот Вухан, во провинцијата Хубеи.

„Заради брзото ширење на вирусот, Министерството препорачува воздржување од патувања во градот Вухан и во поширокиот регион, имајќи ги предвид  и превентивните мерки што ги преземаат кинеските власти, со ограничување на движењето и затворање на железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт“, соопшти МНР.

Македонските граѓани за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на земјава во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или на меил beijing@mfa.gov.mk.