Мнозинството го изгласа Законот за попис, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа во салата

402

Со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, Собранието го усвои Законот за попис на населението и домаќинствата. Расправата заврши на 15 јануари, а денеска само се гласаше за законот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа во салата за гласањето. Од најголемата опозициска партија веќе собираат потписи од граѓаните за поништување на овој закон.

Пет години затвор за тој што нема да се попише