Многу поубаво од десерт: Разладување од диња во чаша

130

Совршено освежувачко летно изненадување за гостите кои не сакаат алкохолни или млечни пијалоци. Овој освежувачки десерт е всушност половина кашест сок, а половна сорбе, со делови пире од диња.

Идеално е затоа што прво можете да си го јадете со лажичка, а кога малку ќе почне се топи, да си го допиете со цевка.

Потребно е:

  • 2 шолји пире од диња исечена на коцки и замрзната
  • 2 шолји диња – руски ананас исечкана и замрзната
  • 2 лажички шеќер

Приготвување:

Ставете ги смрзнатите парчиња диња, 1/2 шолја вода, и 1 лажица шеќер во блендер и пасирајте со висока брзина додека овошјето не стане полутечно и фино испасирано.

Сипете ја пасираната смеса го во сад и оставете да се излади убаво. Истото направете го и со рускиот ананас, 1/2 чаша вода и преостанатиот шеќер. Наполнете 1/3 третина од чашата со едното пире од диња, а потоа додајте исто количество од другата диња, и повторете ја постапката додека не ја наполните чашата.