Многу ми е жал поради Џошуа Кимих

184

Стандардниот првотимец во дресот на Баерн (М), Џошуа Кимих, играше на десната бековска позиција за време на пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Германија и Летонија, кој сосема очекувано заврши со убедлив триумф на „панцирите“ од 7:1

  • Се додека победуваме, не ми е важно дали играм како десен бек или во средниот ред, изјави Кимих после натпреварот на кој селекторот на Германија, Јоаким Лев ја тестираше тактиката според која фудбалерот на Баерн (М) треба да игра на десната бековска позиција.

Легендарниот репрезентативец на Германија, Себастијан Шваинштајгер, откри што мисли за тактиката на Лев и додаде дека му е многу жал поради Кимих.

  • Џошуа е еден од најдобрите играчи за врска, но ја имаа таа несреќа да биде на десната бековска позиција. Сепак, тој и понатаму е далеку подобар од било кој друг фудбалер кој Лев го има на располагање. Многу ми е жал, но знаев дека ова може да се случи, изјави Шваинштајгер.

Репрезентацијата на Германија ја има таа среќа да биде во најтешката група на престојното Европско првенство. Избраниците на Јоаким Лев за противник ќе ги имаат селекциите на Франција, Португалија и Унгарија, но сите три натпревари ќе бидат одиграни во Минхен.