Многу лошо решение! Радев со коментар за бришењето на клубот „Ванчо Михајлов“/ВИДЕО

41

Претседателот на соседна Бугарија, Румен Радев со свој коментар за бришењето од Централниот регистар на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Тој го оцени решение како израз на паника и немоќ.

„Многу лошо. Решението е израз на паника и немоќ. Скопје треба да признае дека има македонски Бугари, дека има бугарско присуство во Република Северна Македонија. Не од денес, од вчера туку до векови, од 1300 година. Има бугарска историја. Забранувањето на имињата на бугарските клубови нема да ја за забрани упорноста на Бугарија и на нашите Европски партнери, Република Северна Македонија да ги запише Бугарите во Уставот“ – рече Радев.

Радев напомена дека впишувањето на Бугарите во Уставот е задолжителен услов за патот на Македонија кон ЕУ.

„Се сеќавате дека во мај месец минатата 2021 година јас за прв пат тука го отворив прашањето за правата на македонските Бугари и благодарение на едногодишната упорна работа, бидејќи тука не го разбираа проблемот ниту институциите, ниту нашите партнери, ниту лидерите на тие држави. Благодарение на нашата упорна работа, впишувањето на Бугарите во Уставот веќе е дел од преговарачката рамка, слушнавте што кажаа и европските лидери, тоа е апсурдно задолжителен услов“ порача тој.