Генералниот директор на Бундеслигата, Френк Боман,  уште еднаш истакна колку е важно следната сезона да започне со присуство на гледачи, во спротивно, на голем број клубови им се заканува банкрот.

-Ако добиеме шанса да ја започнеме сезоната со гледачи во октомври, нема да има банкрот на крајот на годината, рече Боман во интервју за германските медиуми.

-За иднината на германскиот ракомет, враќањето на гледачите е поважно од финансиската поддршка од државата, потенцираше Боман.

Германскиот шампион и натаму е убедливо највреден, најгледан и врти најмногу пари во Европа.