Грчкиот тенисер Стефанос Цицицпас, верува дека му е судено да игра тенис, но не е задоволен од однесувањето на одредени колеги,кои не скаше да ги именува. Тој претрпе пораз во четвртфиналето на Индијан Велс од Ноколос Басијашвили со 2:1 во сетови, но тоа нема да ја намали неговата страст за играње тенис.

-Тенисот е мојата страст. Тоа е нешто со одсекогаш сакав професионално да се занимавам. Секој има свои цели, нешто што сака да стане во животот… Мислам дека многу играчи не се благодарни. Некои рекоа дека се во овој спорт само заради пари, а сруги бидејќи немаат што да прават Јас би рекол дека ми е судено да играм тенис, не гледам со што друго би се занимавал, изјави третиот тенисер во светот.