ММФ предупредува дека ни се заканува “Економска бура”

52

Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) предупреди за можна “економска бура”, со оглед дека развојот на глобалната економија не ги исполнува очекувањата.

“Проблемот е што гледаме дека економијата се развива многу побавно отколку што очекувавме”, рече директорката на ММФ Кристин Лагард.

Минатиот месец ММФ ја намали прогнозата за раст на глобалната економија за оваа година од 3,7% на 3,5%.

Според Лагард, “четири облаци” се главните фактори кои ја поткопуваат глобалната економија и можат да ја донесат бурата.

“Меѓу овие ризици се тензиите во трговијата и воведувањето на санкции, финансиски проблеми, несигурност од исходот на Брегзит и забавување на кинеската економија”, рече Лагард.

Таа истакна дека трговските тензии, главно во форма на спор околу царините меѓу САД и Кина, веќе имаат глобално влијание.

Лагард ги истакна ризиците од се поголемените трошоци од позајмување од страна на владите, компаниите и домаќинствата.

“Кога има премногу облаци, потребно е само еден удар на гром да предизвика бура”, додаде Лагард.