Еден од најголемите ММА борци на сите времиња, Американецот Каин Веласкез (40), веќе неколку месеци е зад решетки поради обид за убиство.

Поранешниот УФЦ шампион беше уапсен во март годинава, откако се обиде да убие човек кој го малтретирал неговиот четиригодишен син. Веласкез целосно зберснал, го нашол насилникот и тргнал да го ликвидира, но за негова несреќа наместо него го погодил очувот.

Полицијата го уапси шампионот и го смести во затвор во март оваа година, иако немал претходно досие, додека насилникот е подолго време на слобода, а имал многу прекршоци поврзани со злоупотреба на деца.

Веласкез се појави на ново сослушување пред два дена. Судењето се уште не е започнато, а датумот ќе биде одреден на 7 ноември.

Адвокатите на ММА борецот се бесни што му била одбиена кауција.

  • Фактот што нашиот клиент седи во затвор без можност да излезе со кауција, а предаторот слободно шета по улиците, нема никаква смисла. Системот целосно пропадна, изјави адвокатот Марк Герагос.

Каин Веласкез ја има поддршката од целиот свет. Многумина сметаат дека системот потфрлил во неговиот случај и бараат познатиот борец да биде ослободен од обвиненијата.

За жал, Каин би можел да помине добар дел од својот живот зад решетки и многу е можно да биде осуден и покрај огромната поддршка од јавноста.

Според информациите од Соединетите Американски Држави, Веласкез се соочува со затворска казна од најмалку 20 години, а се споменува и доживотна казна.